Култура
До 30 мај пријавување за учество на Меѓународната научна конференција „Мит и драма: кризи, граници, другости“
До 30 мај е крајниот рок за поднесување на пријави за учество на второто издание на Меѓународната научна конференција „Мит и драма: кризи, граници, другости“ што ќе се одржи на 27 и 28 октомври во Скопје.
Меѓународната конференција ќе се реализира во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ-Скопје, Институтот за македонска литература при УКИМ и Факултетот за драмски уметности при УКИМ.
Како што информираат од Факултетот за драмски уметности – Скопје, ова издание на меѓународната конференција ќе се реализира во соработка со Еуродрам – Европската мрежа за драма и превод (www.eurodram.org) и програмата „Седмица на Еуродрам 2026“ во Скопје.
-Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да ги испратат своите предлози навреме. Резултатите од селекцијата ќе бидат соопштени најдоцна на 15 јуни. Со нетрпение ги очекуваме вашите придонеси – соопштија од Факултетот за драмски уметности – Скопје.
мај 8, 2026

