Свет
ЦЕНТКОМ спречил пловидба на повеќе од 70 танкери кон иранските пристаништа
Централната американска команда (ЦЕНТКОМ) денеска објави дека американските сили во моментов спречуваат влез и излез на повеќе од 70 танкери од иранските пристаништа.
Во објава на социјалната мрежа Икс, ЦЕНТКОМ соопшти дека комерцијалните бродови имаат капацитет да транспортираат повеќе од 166 милиони барели иранска нафта, во вредност од повеќе од 13 милијарди долари.
САД воведоа блокада на Ормуската Теснина во понеделникот, на 13 април, во 16 часот по средноевропско време, што се однесува на сите бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните области, вклучувајќи ги и пристаништата во Арапскиот и Оманскиот Залив.
мај 8, 2026

