Connect with us

Свет

Инфлуенсер за епидемијата на хантавирусот: Ние не сме само наслови, туку луѓе со семејства

Патничкиот инфлуенсер Џејк Розмарин се огласи од крстосувачот „МВ Хондиус (MV Hondius) во Атлантскиот Океан, кој е во карантин по сомневање за епидемија на хантавирус – ретка, но потенцијално сериозна болест.

На бродот има околу 150 патници и членови на екипажот кои се изолирани со денови, додека медицинските тимови ја следат состојбата и се обидуваат да спречат ширење на заразата. Според достапните информации, некои од патниците веќе се евакуирани поради нивната здравствена состојба. Розмарин проговори преку социјалните мрежи и изјави оти патниците се исплашени и несигурни и дека сè што сакаат е безбедно да се вратат дома.

– Нормално, не би направил видео како ова, но исто така, чувствувам дека морам да кажам нешто, па запишав неколку мисли… Ова е многу вистинско. Ние не сме само приказна. Ние не сме само наслови. Ние сме луѓе со семејства, свој живот и со луѓе кои нè чекаат дома. Има многу неизвесност и тоа е најтешкото!, рече тој низ солзи.

Во своето обраќање, Розмарин нагласи дека на бродот е хаотично, а недостатокот на информации дополнително ја зголемува вознемиреноста кај патниците.

– Сè што сакаме сега е да се чувствуваме безбедно, да имаме јасни информации и да се вратиме дома. Ќе споделам повеќе кога ќе можам, а дотогаш само ве молам за ваша љубезност и разбирање, додаде тој.

Здравствените власти ги следат настаните, а бродот останува под строг надзор додека не се утврди потекло на заразата и степенот на опасност.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4