Хроника
Дебранец лишен од слобода поради физички напад и закани кон сопругата
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар лишиле од слобода дебранец поради физички напад врз неговата сопруга.
-Полициските службеници го лишиле од слобода Б.Г.(45) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга, на која и упатувал и закани, информираа од полицијата.
Нападната сопруга побарала и лекарска услуга во Општата болница со проширена дејност.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Според полицијата ова е петти случај на семејно насилство пријавен годинава, на подрачјето на oпштините Дебар и Центар Жупа, кои се под надлежност на дебарското одделение.


