Connect with us

Култура

Во Стоби продожија археолошките истражувања на Градбата со арки

Во археолошкиот локалитет Стоби кај Градско деновиве продолжија археолошките истражувања во Градбата со арки, или позната како библиотека  и  тоа во големата сала.

Како што информираат за МИА од Националната установа „Стоби“, целта е да се открие подот на површина од околу 460 м². Воедно најавија дека по неговото документирање, ќе се извршат дополнителни истражувања под него за да се добијат податоци за периодот пред изградбата на објектот.

Исто така, во тек  се и лабораториски анализи (C14 и дендрохронологија) на органски материјал од минатата година, кои ќе овозможат попрецизно датирање на рушењето и обновата на Градбата со арки. Анализите се изведуваат во лабораторијата LARA при Универзитетот во Берн.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2