Култура
Во Битола ликовна изложба „Антропос“ – графичка уметност, цртежи, сликарство
Во битолскиот Офицерски дом ќе биде отворена меѓународна ликовна излоба како дел од проектот: „Простори на уметност: Природа – Култура – Човештво“, организирана од Институт за ликовни уметности, Факултет за уметност и образовни науки во Чешин, Универзитет во Шлезија во Катовице, Полска.
Во пресрет на вечерашното свечено отворање од КИЦ Битола информираа дека Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Шлезија е еден од најзначајните универзитети во полска со меѓународно афирмативно значење, има воспоставено директна соработка со десет европски универзитети работејќи на создавање меѓународен мобилен универзитет.
-Изложбата во Битола е вклучување во ова значајно културно и творечко вмрежување со што нашиот град и Културен и информативен центар-офицерски се вклучуваат во овој значаен меѓународен културен и творечки проект. На изложбата учествуваат скоро сите професори од овој универзитет кои и се значајни меѓународни ликовни творци. Организатор на изложбата од Полска е Адам Чечх еден од поистакнатите полски уметници со високо меѓународно творечко реноме, посочија од КИЦ Битола.
Манифестација поставена во Културен и информативен центар-офицерски во Битола претставува еден од позначајните ликовни настани во овој период во Македонија поврзан со Универзитетот во Шлезија.
мај 6, 2026

