Connect with us

Свет

Во акцијата за чистење на Женевско Eзеро собрани 36.600 догорчиња и 2,5 тони отпад

„Во годишната пролетна акција за чистење на Женевското Eзеро собрани се вкупно 2.592 килограми отпад, меѓу кои дури 36.600 догорчиња од цигари“, соопштија надлежните служби. „Во акцијата учествувале повеќе од 1.000 волонтери, од кои околу 300 биле нуркачи“, пренесе Свиз инфо (Swissinfo)

Акцијата за чистење е спроведена на десет локации околу езерото, опфаќајќи подрачја од Колоњ и Нион, до Вевеј и Рол, како и Евијан на француската страна. Според податоците на Здружението за спас на животната средина (АСЛ), и организатор на акцијата, количината отпад е намалена, но пластиката и натаму е најзастапена-заедно со предмети од секојдневна употреба.

Од собраниот отпад се регистрирани 424 килограми пластичен отпад и 41 килограм ПЕТ амбалажа. Посебно внимание привлекува и количината на мали предмети како стапчиња за уши, 88 електронски цигари, како и 150 запалки.

Покрај вообичаениот отпад, волонтерите пронашле и поголеми и невообичаени предмети, меѓу кои автомобилски гуми, дрон, компјутер, акумулатор, врата од чамец и сидро. Организаторите предупредуваат дека ваквите резултати укажуваат на постојан проблем поради неодговорното одлагање на отпадот, и покрај редовните акции за чистење и постојаните напори за подигање на еколошката свест во регионот. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 4