Архива
„Епл“ се согласи на спогодба од 250 милиони долари за доцнење на ВИ-надградби
Американската компанија „Епл (Apple)“ вчера се согласи на спогодба од 250 милиони долари по тужбата во којашто се обвинува технолошкиот гигант за заведување на купувачите на „Ајфон (iPhone)“ поради доцнење на надградбите на вештачката интелигенција на неговиот гласовен асистент „Сири (Siri)“.
Спогодбата, којашто сè уште бара одобрение од федерален судија во американската сојузна држава Калифорнија, се очекува да им користи на клиентите во САД кои купиле одредени понови модели на „Ајфон“. Случајот е насочен на доцнењето на ВИ-надградбите за гласовниот асистент. „Епл“ го најави подобрениот „Сири“ на својата Конференција за развивачи во јуни 2024., а исто така, привремено го рекламираше околу лансирањето на линијата модели на „Ајфон“ 16 во септември 2024 година. Сепак, „Епл“ објави во март 2025. дека софтверот е одложен, подоцна појаснувајќи дека не работел доволно сигурно за да биде објавен.
„Епл“ сега очекува персонализираниот „Сири“ да биде достапен во 2026 година.
Подобрениот „Сири“, се вели, треба да биде особено корисен за корисниците бидејќи со помош на нивните лични информации и може да работи низ различни апликации на „Епл“-уредите. Се очекува спогодбата да им користи на американските корисници кои купиле еден од моделите „Ајфон 16“ или „Ајфон 15 про“ меѓу презентацијата на 10 јуни 2024 и признавањето на доцнењето од страна на „Епл“ на 29 март 2025 година.
Според спогодбата, „Епл“ не признава никакво прекршок.
мај 6, 2026

