Скопје
Стаменкоска-Трајкоска: Името на Гоце Делчев е македонска гордост, а оставеното дело, наш вечен завет
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес во црквата „Св. Спас“ во Скопје се поклони пред великанот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев.
Присуствувајќи на панихидата по повод 123 години од неговата смрт, градоначалничката Стаменкоска Трајкоска оддаде длабока почит кон неговото историско дело и несебичната жртва, истакнувајќи ја важноста за зачувување на неговиот аманет и космополитска визија како патоказ за идните генерации. Според неа, името на Гоце Делчев е македонска гордост, а оставеното дело, наш вечен завет.
-Денес во црквата „Св. Спас“ во Скопје, по повод 123 години од неговата смрт, со длабока почит се поклонив пред великанот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев.
На денешната панихида достоинствено го одбележавме споменот на човекот чие име е синоним за нашата борба за слобода. Неговото историско дело, несебичната жртва и космополитската визија за светот како поле за културен натпревар меѓу народите, не се само минато. Тие остануваат како светол патоказ и аманет кој како општество имаме должност да го чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации. Нека му е вечна слава!- истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.


