Свет
САД извршија нов напад во Карипското Море: двајца загинати во акција против наркокартели
Американските вооружени сили соопштија дека синоќа извршиле нов напад врз пловен објект, кој според нивните процени бил користен за трговија со дрога во Карипското Море, при што загинале две лица.
Кампањата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за напади врз пловни објекти осомничени за трговија со дрога во водите околу Латинска Америка почна на почетокот на септември. Досега се убиени најмалку 188 лица. И покрај војната со Иран во последните недели, нападите се интензивираа, што според одредени аналитичари укажува на тоа дека агресивните мерки на администрацијата за сузбивање на „наркотероризмот“ во западната хемисфера не слабеат.
Американските вооружени сили засега не презентираа докази дека некој од погодените пловни објекти навистина превезувал дрога. Како и во претходните соопштенија, Јужната команда на САД наведе дека цел биле осомничени трговци со дрога, кои се движеле по познати рути за шверц. На платформата „Икс“ беше објавено видео на кое се гледа уништен пловен објект зафатен од пламен.
Претседателот Трамп изјави дека САД се во „вооружен конфликт“ со картелите во Латинска Америка и дека нападите се неопходни за да се запре приливот на дрога во земјата. Неговата администрација, сепак, не презентира значајни докази во поддршка на тврдењата дека се елиминираат „наркотерористи“. Во меѓувреме, критичарите изразуваат сомнежи дали ваквите напади врз пловни објекти се во согласност со американското законодавство.
мај 5, 2026

