Connect with us

Регион

Во Србија активиран системот „Пронајди ме“ поради исчезнување на девојка од Нови Сад

Српското Министерство за внатрешни работи го активираше системот „Пронајди ме“ за итно јавно известување за исчезнување на петнаесетгодишната Дуња Нециќ од Нови Сад, лице со посебни потреби, која исчезна на 29 април.

На 29 април таа го напуштила училиштето во Нови Сад, во непознат правец, соопшти МВР.

Девојката последен пат е видена на 1 мај, околу 19 часот во Инѓија.

Медиумите претходно објавија дека полицијата интензивно трага по двајца тинејџери, шеснаесетгодишно момче и седумнаесетгодишно девојче, ученици во училиштето „Д-р Милан Петровиќ“ во Нови Сад, кои исчезнаа на 29 април.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1