Connect with us

Регион

Независните синдикати во Србија со апел за итни промени во општеството со цел подобрување на условите на работниците

Асоцијацијата на слободни и независни синдикати на Србија во својот првомајски проглас бара итни промени во функционирањето на институциите и судството со цел да се обезбедат подобри услови за работниците.

„Работниците во Србија го дочекуваат Меѓународниот ден на трудот во услови на економска неизвесност, зголемени трошоци за живот и продлабочување на социјалните разлики…Речиси една третина од населението на Србија е на раб на сиромаштија, а повеќе од половина од граѓаните едвај преживуваат“, објавија од АСНС.

АСНС ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со митинг во Белград.

Синдикатот наведува дека зголемувањето на цените на храната, енергијата и основните потреби го направило растот на платите бесмислен, додека општеството, како што се оценува, станува се повеќе раслоено.
Асоцијацијата посочи на последиците од лошото функционирање на институциите, влијанието на големите компании и банките, како и на растот на незадоволството кај граѓаните.

Меѓу барањата се зголемена заштита на работниците, почитување на минималната цена на трудот, воведување неработен ден – недела, измени во законите за труд и штрајк, како и поголема улога на образованието во развојот на општеството.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1