Култура
Објавен конкурсот за доделување на државната награда „11 Октомври” во 2026 година
Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2026 година, со која се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Конкурсот ќе трае од 1 до 30 мај 2026. Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам: https://kultura.gov.mk/mk-MK/konkursi/drzavni-nagradi/drzavni-nagradi
-Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава. Според условите определени во конкурсот, наградата може да им се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство од јавен интерес на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на Министерството за култура и туризам.
април 30, 2026

