Connect with us

Регион

Брнабиќ: Во текот на мај парламентарна дебата за измени на четири изборни закони

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека измените на четири закони, што се базираат на препораките на мониторинг-мисијата на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), ќе бидат на дневен ред на парламентот во текот на мај.

Таа додаде дека по првомајските празници, јавни дебати за тие прописи ќе се одржат во Белград, Ниш, Крагуевац и во Нови Сад и законите веројатно ќе бидат усвоени во српскиот парламент, а потоа владата ќе се обиде да ги исполни преостанатите препораки на ОДИХР.

Таа рече дека од 2019 година владејачката коалиција континуирано работи на подобрување на изборните услови и спроведување на препораките на Канцеларијата на ОБСЕ.

На веб-страницата на парламентот на Србија се објавени предлозите на четири изборни закони, што се базираат на препораките на ОДИХР, кои беа дадени по парламентарните избори одржани на 17 декември 2023 година. Тие предлози се однесуваат на законите за избор на пратеници, за избор на претседател на Републиката, за локални избори и за Уставниот суд.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4