Connect with us

Регион

Албанија ќе стане логистички центар на НАТО во регионот преку инвестиции во Коридорот осум

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер за време на неговата  посета на Албанија, заедно со министерот за одбрана Ермал Нуфи ја посетија и воздухопловната база Кучово, целосно реновирана со средства од НАТО.

Амбасадорот Витакер и министерот Нуфи, разговараа за подготвеноста на Албанија да стане логистички центар на НАТО во регионот преку инвестиции во Коридорот осум, како и за начините на кои Албанија може да ја подигне регионалната безбедност на повисоко ниво преку зголемени трошоци за одбрана, соопшти Амбасадата на САД.

Витакер се сретна и со премиерот Еди Рама, кој во објава на социјалните мрежи нагласи дека на средбата разговарале за „блиската врска и  стратешкото партнерство меѓу двете држави”.

„Разговаравме за блиската врска и стратешкото партнерство меѓу нашите држави, нашите одлични дипломатски и воени односи, чие зајакнување е заеднички приоритет. Исто така разговаравме и за следниот самит на НАТО кој идната година ќе се одржи во Тирана, напиша Рама.

Во американската амбасада, Витакер, се сретнал со американски и албански маринци и персонал кои служеле во операциите на НАТО во Авганистан и Ирак. Во своето соопштение, амбасадата на САД ја нагласува важноста на „партнерството меѓу Албанија и САД во заштитата на заедничките вредности“.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3