Connect with us

Регион

Вучиќ за разговорот со Маѓар: Бев изненаден од тонот, тоа зборува за решеноста на Унгарија да гради добри односи со Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, верува во прагматизмот на идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, нагласувајќи дека е многу задоволен од начинот на кој се одвивал синоќешниот нивни телефонски разговор за клучни теми за понатамошно подобрување на целокупните српско-унгарски односи.

„Разговорот помина подобро отколку што очекував. Немаше непријатни тонови“, изјави денеска претседателот на Србија.

„За мене тоа беше многу важен разговор. Како одговорен човек и државник, сум многу среќен и задоволен од воспоставениот тон и начинот на кој разговаравме…Двајцата изразивме желба да продолжиме со тесната соработка“, нагласи претседателот на Србија.

Запрашан да го коментира унгарската најава за зајакнување на соработката со Австрија, Вучиќ смета дека тоа не е „враќање на империјата“. 

„Му честитав на Петар Маѓар за неговата изборна победа. Имавме важен, добар и суштински разговор за клучни теми за понатамошно подобрување на целокупните српско-унгарски односи“, објави синоќа на социјални мрежи Вучиќ по разговорот со Маѓар.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4