Сервисни информации
УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и во јужните делови од земјата.
– Утринската температура ќе биде во опаѓање. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен, информира УХМР.
Во Скопје до среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Ќе дува ветер од северен правец.
април 20, 2026

