Connect with us

Забава

Ракета на „Блу ориџин“ постави сателит во погрешна орбита

Ракетата за тешки товари „Њу Глен“ (New Glenn) на компанијата „Блу ориџин“ (Blue Origin) постави сателит во погрешна орбита за време на своето трето лансирање – соопшти вселенската компанија основана од Џеф Безос.

Компанијата изјави дека околностите сè уште се истражуваат.

„Во моментот правиме процена и ќе ги ажурираме податоците кога ќе имаме подетални информации“, соопштија од „Блу ориџин“.

Ракетата беше лансирана според планот од лансирната база Кејп Канаверал на Флорида, што е првпат претходно користен ракетен потисник повторно да биде употребен. Потисникот успешно слета на платформа во Атлантикот по одвојувањето.

Сепак, сателитот, наречен Blue Bird 7, е поставен во пониска орбита од предвидената, потврди AST SpaceMobile, производителот на сателитот.

„Њу Глен“ пристигна во вселената на својот прв лет во јануари 2025 година. Во својата втора мисија, 10-ина месеци подоцна, понесе во вселената два орбитери на НАСА за Марс.

Целта на „Блу ориџин“ е да го користи системот „Њу Глен“ за да се натпреварува со „Спејс икс“ на Илон Маск, кој моментно доминира на пазарот за комерцијални лансирања. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2