Connect with us

Технологија

„Нисан“ воведува ВИ за самоуправувачко возење во 90 отсто од моделите

Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ вчера соопшти дека има намера да додаде систем за самоуправувачко возење со употреба на вештачка интелигенција (ВИ) во 90 отсто од своите модели во иднина.

Компанијата соопшти дека ќе ја воведе технологијата до крајот на фискалната 2027 година т.е. од следната генерација на своето ново миникомбе „Елгранд“, коешто се очекува да биде пуштено во продажба ова лето. „Нисан“, исто така, соопшти дека ќе го намали бројот на своите модели на автомобили од сегашните 56 на 45 произведени видови.

Автопроизводителот е во процес на реструктурирање, што вклучува, меѓу другото, затворање седум фабрики во Јапонија и во странство, како и укинување на 20.000 работни места.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1