Connect with us

Ракомет

Извлечени двојките за Ф4 во ракометниот национален куп

Во Ракометната Федерација на Македонија попладнево беа извлечени двојките за завршницата од Купот на Македонија што ќе се одржи од 17 до 19 април во салата „Младост“ во Струмица.

На фајналфор турнирот ќе учествуваат четирите првопласирани од Супер лигата, а бранител на трофејот е Вардар.

Во полуфиналето ќе играат:

ГРК Охрид – Еурофарм Пелистер (17 април почеток 17 часот)

Алкалоид – Вардар (17 април почеток 20 часот).

Маркетинг
Ad 1
Ad 4