Connect with us

Сервисни информации

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер

Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни (15-25 l/m2). Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.

Кон крајот на денот (17 ноември) и ноќеска во земјата во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен дозасилен ветер од јужен правец (до 60км на час). Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2