Регион
Српската министерка Јагода Лазаревиќ именувана за комесар за Експо 2027 Белград
Владата на Србија ја назначи министерката за внатрешна и надворешна трговија, Јагода Лазаревиќ, за комесар на Меѓународната специјализирана изложба, Експо што ќе се одржи во Белград во 2027 година.
Како комесар на Експо, Лазаревиќ официјално ќе ја претставува Србија во односите со Меѓународното биро за изложби, како и со учесниците на изложбата, а ќе биде и прва точка за контакт за меѓународните партнери, соопшти министерството.
Функцијата комесар на Експо, претставува една од најважните функции во процесот на организирање специјализирана изложба, и е прецизно дефинирана со правилата на Меѓународното биро за изложби (BIE).
Меѓународната специјализирана изложба Експо 2027 Белград, под темата „Играј за човештвото: Спорт и музика за сите“, ќе се одржи во Белград од 15 мај до 15 август 2027 година.
Станува збор за настан под покровителство на Меѓународното биро за изложби (BIE), што ги обединува земјите, меѓународните организации, компаниите и експертите од различни области со цел да презентираат иновации, нови технологии и културни содржини.
ноември 13, 2025


