Култура
Солистички рецитал на Берислав Јерковиќ и Ана Дадиќ од Хрватска
Солистички рецитал насловен „Звуците на срцето и душата“ ќе се одржи вечер во Салон 19 19 во Културно-информативниот центар во Скопје. На него ќе настапат Берислав Јерковиќ (баритон) и Ана Дадиќ (пијано) од Хрватска, а настанот се одржува во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“.
Јерковиќ е дипломец по пеење, диригирање и музичка педагогија, со докторски студии на Универзитетот во Загреб. Има изведено бројни солистички улоги во опери низ Европа, Африка и Америка, а настапувал со врвни оркестри и ансамбли. Добитник е на повеќе награди за вокални и диригентски настапи и активен е како професор на Академијата за уметност во Осиек, каде е и раководител на Одделот за музичка уметност.
Ана Дадиќ е пијанистка и флаутистка со дипломи од Музичката академија во Загреб и Академијата за музика во Љубљана. Добитничка е на над 35 први награди на национални и меѓународни натпревари и настапувала во повеќе европски земји. Соработувала со истакнати оркестри и ансамбли, меѓу кои Загрепската н филхармонија и Квартет Руцнер. Моментално работи како корепетитор во Уметничкото училиште за танц „Силвија Херцигонја“ во Загреб.
ноември 6, 2025

