Connect with us

Култура

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

Операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало на 7 ноември ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет, под диригентство на Кочар Балаж од Унгарија, а во режија на Дејан Прошев.

Во солистичката екипа настапуваат: Дешира Амети Крлиу (Неда), Антонело Паломби од Италија (Канио/Палјачо), Марјан Јованоски (Тонио), Драган Ампов (Силвио), Јане Дунимаглоски (Арлекин), заедно со хорот, оркестарот и балетските солисти на Националната опера и балет.

Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата на Никола Булески, кореографијата на Олга Панго, концерт – мајстор е Климент Тодороски, а хор – мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Како што информираат од Националната опера и балет, драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало е едно од највеличествените дела на оперскиот веризам, кое со децении ја освојува публиката ширум светот. Се работи за приказна за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“. 

Премиерно била изведена во Милано во 1892 година, а Леонкавало сам го напишал либретото, инспириран од вистински настан.

-Делото ја ја открива тенката линија помеѓу уметноста и реалноста, љубовта и љубомората, смеењето и солзите. Со незаборавната арија „Vesti la giubba“, ова ремек-дело го допира секое срце и потсетува дека и зад маската на насмевката може да се крие болка. „Палјачи“ претставува едно од најемотивните и најизведуваните оперски дела во историјата, се наведува во соопштението од Националната опера и балет. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1
Маркетинг