Филм
Актерот Ал Пачино ќе добие награда за животно дело од актерскиот синдикат „САГ-АФТРА“
Американскиот актерски синдикат „САГ-АФТРА“ соопшти дека славниот актер Ал Пачино следната година ќе ја добие наградата за животно дело со која ќе му се оддаде признание за неговите достигнувања во кариерата, како и за неговата хуманост.
Холивудскиот актер најпознат по улогата на Мајкл Корлеоне, од серијалот „Кум“ е 62. добитник на наградата за животно дело што синдикатот ја доделува секоја година на манифестацијата „Актер авордс“.Врачувањето ќе се случи на 28 февруари 2027 година, во Лос Анџелес, во рамки на 33. доделување на наградите „Актер“. Признанието е доказ за долгогодишната и успешна кариера на холивудската ѕвезда која остави силен впечаток во театарот, филмот и телевизијата.
Пачино е добитник на Оскар за најдобра главна улога во филмот „Мирисот на жена“ (1992 година), како и бројни награди „Еми“, „Тони“ и „Златен глобус“. Тој, исто така учествувал и во хуманитарниот телевизиски маратон „Америка: Почит кон хероите“ (America: A Tribute to Heroes), а во 2009 година ја добил наградата „Џејн Вајман“, за хуманитарен придонес. Славата ја стекнува во 1972 година, со улогата во филмот „Кум“.
октомври 19, 2026


