Ракомет
Алкалоид обезбеди девет голови предност
Ракометарите на Алкалоид вечерва забележаа победа над Ферлах со 31:22 во првиот натпревар од второто коло на Европскиот куп.
Македонскиот тим заслужено стигна до убедливата победа ја најави уште во првото полувреме (16:11).
Најефикасни во Алкалоид беа Марко Митев со седум и Никола Костески со шест гола. Голманот Иван Галевски забележа десет одбрани.
Кај гостите од Австрија се истакна хрватскиот интернационалец Тони Перкушиќ со седум погодоци.
Реваншот ќе се игра на 24 октомври на теренот на Ферлах.
октомври 19, 2026


