Скопје
Бесплатни училишни униформи за 7.500 ученици во Општина Аеродром
Општина Аеродром и оваа учебна година обезбеди 7.500 бесплатни училишни униформи за учениците од основните училишта на територијата на општината. Униформите до 20 септември ќе бидат поделени во сите основни училишта.
Со обезбедувањето на бесплатните униформи, Општина Аеродром продолжува да создава еднакви услови за сите ученици, а воедно им овозможува и значителна поддршка на семејствата при почетокот на новата учебна година.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска го посети ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде што на учениците им ги додели бесплатните училишни униформи.
Униформите за секој ученик се состојат од две поло-маички, две блузи со долги ракави и еден дуксер, со што се обезбедува комплетна гардероба за потребите на учениците во текот на учебната година.
Проектот е дел од континуираните активности на Општина Аеродром насочени кон унапредување на условите во основните училишта и создавање современа, уредна и еднаква училишна средина за сите деца.

