Архива
Медитеранското ракометно првенство 2027 во Скопје
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја доби организацијата на Медитеранското ракометно првснство во машка конкуренција во 2027 година.
Како што е соопштено денеска, РФМ ќе биде домаќин на 23. Медитеранско машко ракометно првенство од 18 до 25 април 2027 година во Скопје.
„Извршниот комитет на Медитеранската ракометна конфедерација (MHC), на седницата одржана на 27 август 2026 година, едногласно донесе одлука организацијата на шампионатот да ѝ биде доделена на Македонија“, се наведува во соопштението на РФМ.
На првенството право на настап ќе имаат ракометари родени во 2010 година и помлади.
„Доделувањето на организацијата претставува уште една потврда за довербата во Ракометната федерација на Македонија и нејзините организациски капацитети за реализација на меѓународни ракометни натпреварувања“, објави РФМ.
септември 2, 2026
