Сцена
По последниот концерт, Лајонел Ричи сместен на интензивна нега
Американскиот поп-пејач Лајонел Ричи (77) заврши в болница, кратко по концертот во Сент Луис во саботата. Според тамошните медиуми, тој бил сместен на интензивна нега.
Познатиот музичар е сред турнејата „Sing a Song All Night Long“ (Пеј песна цела ноќ), со групата „Ерт, вајнд енд фајр“, а неговиот следен настап е закажан за 26 септември во Сан Франциско. Неговиот гласноговорник сè уште не дал коментар за медиумите. Според порталот „Ти-ем-зи“ (TMZ), Ричи побарал да се донесе стол на сцената кон крајот на настапот во Сент Луис. Тој ја изведе последната песна од вечерта, „All Night Long“, седејќи.
Ова не е првиот здравствен проблем што Ричи го имаше за време на неговата сегашна турнеја ширум САД. И на концерт во Сент Пол, Минесота, на 24 јуни, тој мораше накратко да прекине со настапот откако се почувствува лошо.
– Кога ти се врти во главата, си седнуваш на зад**кот, рече тогаш тој.
Велејќи ѝ на публиката дека му се врти главата, тој се пошегува дека никогаш порано не ја извел песната „Dancing on the Ceiling“ седејќи, според „Минесота стар трибјун“ (Minnesota Star Tribune)
септември 1, 2026
