Connect with us

Ракомет

Јерковиќ ќе ги тренира голманите во македонската репрезентација

Ракометната федерација на Македонија потпиша договор со хрватскиот стручњак Драган Јерковиќ, кој ќе биде задолжен за работата со голманите во стручниот штаб на машката сениорска репрезентација. 

– Голема чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство, како и на Светското првенство во Германија.
Повикот од мојот поранешен соиграч и пријател Кирил Лазаров едноставно не можев да го одбијам. Македонија е репрезентација која има посебна емоција и огромна желба за напредок, а ракометот во оваа земја е повеќе од спорт – тој е дел од нејзината традиција и идентитет.
Особено ме радува работата со нашите голмани, бидејќи сметам дека имаме одличен спој на искуство и младост. Верувам во нивниот потенцијал и сигурен сум дека со заедничка работа можеме да направиме голем исчекор и да оствариме добри резултати.
Ќе дадам се од себе со моето искуство и знаење да ѝ помогнам на репрезентацијата и заедно да завршиме добра работа, изјави Јерковиќ.

Тој зад себе има богато интернационално искуство, како и искуство во германската Бундеслига. Во изминатите две сезони беше тренер на голманите во Рајн Некар, а од сезоната 2026/27 својата кариера ја продолжи во Ерланген.