Сцена
Мадона го прослави роденденот во Грција – Мицотакис ѝ честиташе
Светската поп ѕвезда Мадона, 68-от роденден го прослави во Грција, ги посети Метеора и островите Крф и Патмос, а на социјалните мрежи со нејзините фанови сподели фотографии, но и видео од прославата, кое пак го презеде и грчкиот премер Кирјакос Мицотакис ѝ и го честиташе роденденот, јави дописничката на МИА од Атина.
– Роденден ми е. Сите станете и танцувајте, напиша Мадона за видеото придружено со истоимената нејзина песна.
Во објавата што ја сподели на Инстаграм, танцува со семејството и пријателите на Крф и на јахта, дува свеќички на роденденската торта, а во видеото има и делови од нејзината посета на Метеора.
Видеото и објавата на Мадона не останаа незабележани од грчкиот премиер, кој утрово конкретното видео го сподели на стори на неговиот Инстаграм профил.
– Среќен роденден Мадона! Драго ми е што убаво си помина во Грција! Да дојдеш и следната година, напиша Мицотакис.
Пред три дена, по ѕвездата на Инстаграм сподели и фотографии од прославата на роденденот на Крф.
август 21, 2026
