Connect with us

Сцена

Ричи Блекмор повторно „се собраа“ со „Дип парпл“ по 33 години разделба

Музичка историја беше испишана синоќа, кога легендарниот гитарист Ричи Блекмор му се придружи на својот поранешен рок-состав „Дип парпл“ на сцената, првпат по повеќе од три десетлетија.

Феноменалниот настан, којшто до вчера се чинеше невозможен поради децениската кавга меѓу музичарите, се случи на самиот крај од концертот на бендот во „Џонс бич“ театарот во Ванта, Њујорк, САД. Имено, сега 81-годишниот виртуоз им се придружи на своите поранешни колеги на бис-настапот за да ја изведат култната „рок-химна“ – „Smoke on the Water“ – песната поттикната од неговиот најголем и најпрепознатлив риф. 

Веста за, според многумина – шокантното повторно обединување ја навести самиот Блекмор, само неколку часа претходно за време на пренос во живо на Инстаграм-профилот на неговата сопруга Кандис Најт. Гитаристот на шега сподели дека му испратил порака на вокалистот Ијан Гилан во Португалија, барајќи од него да му се придружи за песна – „заради старите времиња“. На пријатно изненадување на обожавателите, остатокот од бендот веднаш дадоа зелено светло за историската џем-сесија.