Connect with us

Сцена

Австралискиот премиер Албанезе се извини за изјавата за Кајли Миног

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска се извини откако во интервју за еден хумористичен поткаст даде груба забелешка за пејачката Кајли Миног, што предизвика негодување кај групите за правата на жените и кај опозициските пратеници.

Водителката на поткастот, Ники Озборн, го праша Албанезе со која од трите австралиски познати личности би се оженил, со која би излегувал или би „спиел“, на што премиерот првично одби да одговори, велејќи дека неодамна се оженил.

На инсистирање на водителката, која го праша кого би избрал доколку му се распадне бракот, Албанезе одговори „дека тоа јасно би била Кајли“.

– Би се оженил со Кајли, би спиел и би излегувал со неа? – праша Озборн, на што Албанезе одговори „Сè од наведеното“.

Австралискиот премиер поради оваа изјава беше критикуван од неколку опозициски пратеници, а сенаторката Сара Хендерсон истакна дека овие коментари претставуваат „непочитување кон жените, срам за Австралијците и понижување на функцијата премиер“.

– Недвосмислено се извинувам за мојот коментар – наведе Албанезе денеска во соопштение.

Портпаролот на Кајли Миног засега не се огласи по повод овие наводи

Ad
Ad