Connect with us

Култура

Националните ансамбли „Танец“ и „Ладо“ со концерти во Битола и Скопје на 8 и 10 јули

Македонскиот непокор и гордост преку НУ „Танец“ и хрватската безвременска традиција преку ансамбл „Ладо“ се спојуваат во совршена симфонија на традицијата, младоста и врвната уметност. Кога двете најголеми фолклорни сили на Балканот ќе ги здружат своите чекори, гласови и срца, сцената гори, а историјата се пишува во живо, пишува во денешното соопштение на НУ „Танец“, каде се најавени двата концерта во Битола и Скопје.

Првиот концерт ќе се одржи на 8 јули во античкиот локалитет „Хераклеја“, а два дена подоцна ќе се реализира концертот во Националната опера и балет во Скопје.

-Два концерта. Две држави. Една чиста, нераскинлива љубов кон корените. Врвна кореографија, колоритни носии и вокали што предизвикуваат морници, се додава во соопштението на установата.

Билетите за дфвата концерта се во строго ограничен, посочуваат од „Танец“.

Ad
Ad