Connect with us

Кошарка

Бешикташ и Париз добија вајлд карти за кошаркарската Евролига

Управниот одбор на кошаркарската Евролига денеска им додели едногодишни специјални покани на Бешикташ и Париз за учество во претстојната сезона во најелитното европско клупско натпреварување.
На состанокот на Управниот одбор беше одлучено дека оваа сезона ќе се натпреваруваат 20 екипи, идентично како и во претходните сезони.
Во новата сезона нема да учествува Монако, кој е заменет со Бешикташ, додека Париз го задржа својот статус.
Како што е наведено на веб-страницата на Евролигата, следната сезона ќе се натпреваруваат, Ефес, Асвел, Басконија, Бешикташ, Партизан, Црвена Звезда Дубаи, Милано, Барселона, Баерн Минхен, Фенербахче, Хапоел Тел Авив, Макаби Тел Авив, Олимпијакос, Панатинаикос, Париз, Реал Мадрид, Валенсија, Виртус и Жалгирис. 

Ad
Ad