Connect with us

Сцена

Девојката на Бред Пит има одлични односи со неговото семејство

Американската дизајнерка на накит, Инес де Рамон е во одлични односи со семејството на Бред Пит. Имено, пријател близок до нив вели дека Инес веќе „се смета за член на семејството, а не за нова девојка“ на Бред, пренесува „Пејџ сикс (Page Six)“.

„Тие апсолутно ја обожаваат и ја пречекале со раширени раце од самиот почеток. Во овој миг, ја сметаат за член на семејството – за една од нивните… Разговорот со неа е многу лесен. Ќе седи, се смее и ќе се шегува со семејството. Ништо не се чувствува како инсценирано. Луѓето прашуваат за неа, ја вклучуваат во семејните планови и искрено ја сакаат во своја близина. Таа стана составен дел од семејната динамика“, изјави неименуваниот извор за порталот. Сепак, тој додава: „Но, Бред нема планови да се ожени, и покрај фактот дека Инес се зближи со неговото семејство“.

Бред Пит е заљубен во неговата 29 години помлада девојка – но, не сака да се венча со неа.

„Инес и семејството на Бред се во редовен контакт и навистина уживаат во времето минато заедно. Тие не се чувствуваат како да е ‘девојка на Бред’… Кога се заедно, таа е само дел од семејството“, додава неименуваниот познаник.

Исто така, комуникацијата со неа „оди многу лесно“, како што вели тој.

Иако се вистински заљубени, Бред Пит (61) ретко зборува за својата нова врска. Сепак, лани во една прилика направи исклучок и конечно даде мал поглед во својот љубовен живот.

– Врска со жена која не спаѓа во „познатите личности“ навистина ми одговара. Нема конкуренција, нема суета… Секој има свој пат и кариера, рече холивудскиот заводник тогаш за порталот.

Годинава, глуумецот ќе биде актуелен со трилер-акцијата „Срцето на ѕверот (Heart of the Beast)“ и крими-драмата „Авантурите на Клиф Бут (The Adventures of Cliff Booth)“.

Ad
Ad