Филм
Миног и Тарантино снимаат нов филм во режија на Џејми Адамс, режисер на филмот „Only what we carry“
Американскиот филмски режисер, сценарист и продуцент Квентин Тарантино и поп ѕвездата Кајли Миног ќе се појават заедно во нов филмски проект. Филмот е во режија на велшкиот режисер Џејми Адамс, но деталите за содржината на филмот засега не се познати. Според првичните информации, во сцените што веќе биле снимани имало и сцени со погреб, како и собир по погребната церемонија.
Освен Тарантино и Миног, во проектот ќе се појават и актерите Џулијан Луис Џонс, Крег Расел, Сиван Морис, како и Карен Паулада. Ова не е прва соработка меѓу Тарантино, Миног и режисерот Џејми Адамс. Актерите веќе се имаа појавено во неговиот филм „Само она што го носиме“ („Only What We Carry“). Филмот неодамна беше претставен на фестивалот „Трајбека“.
Засега не се познати многу детали за филмот, а датумот за негова премиера се очекува да биде објавен наскоро.
јуни 26, 2026

