Connect with us

Свет

ЕУ ги ограничува визите за државјаните на Сомалија поради недоволна соработка за депортации

Европската Унија одлучи да воведе ограничувања за издавање визи на државјаните на Сомалија, откако во извештај на ЕУ е заклучено дека земјата не соработува доволно во процесот на враќање и депортација на своите државјани.

Според денеска објавеното соопштение, привремените ограничувања предвидуваат сомалиските државјани повеќе да не можат да добиваат визи за повеќекратен влез, а рокот за обработка на апликациите за виза да биде продолжен од 15 на 45 дена.

ЕУ, исто така, одлучи да ја суспендира можноста за олеснето поднесување докази при аплицирање за виза и повторно да воведе визна такса за носителите на дипломатски пасоши.

Во соопштението се наведува дека ограничувањата можат да бидат укинати откако ќе се оцени дека Сомалија соработува во доволна мера.

Ad
Ad