Свет
Кошта: Иднината на Украина е во Европската Унија, поддршката на ЕУ е конзистентна и трајна
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска порача дека Европската Унија ќе продолжи да обезбедува силна политичка, финансиска и воена поддршка на Киев, нагласувајќи дека „иднината на Украина е во Европската Унија“.
Кошта на конференцијата за закрепнување на Украина, рече дека од почетокот на војната во 2022 година, ЕУ обезбедила повеќе од 200 милијарди евра помош за Украина и потсети дека неодамна е воспоставен дополнителен пакет за поддршка преку Заемот за поддршка на Украина во вредност од 90 милијарди евра, се наведува во соопштението на Европскиот совет.
„Првата исплата од овој фонд беше извршена денеска, што покажува дека нашата поддршка е конзистентна и трајна“, наведе Кошта.
јуни 26, 2026

