Connect with us

Сервисни информации

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Согласно добиени резултати од испитувања, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од претпријатието информираа за дневните мониторинг – активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење на скопската територија.

Во текот на денов, од страна на секторот „Санитарна контрола“ при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, биле земени 39 примероци од водоводната мрежа на град Скопје.

Од јавното претпријатие потсетија дека на сите примероци им се изработува физичко-хемиска и микробиолошка анализа согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење во акредитираните лаборатории при секторот „Санитарна контрола“.

Ad
Ad