Култура
Во ЦК „Бели мугри“ отворена изложба на автентични дресови посветена на Андреј Лазаров и жртвите во кочанската трагедијатa
Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа беше отворена изложба на повеќе од 50 автентични фудбалски дресови на успешни спортисти од Македонија и Тиквешијата, од приватната колекција на Николчо Делов од Кавадарци.
Изложбата е посветена на Андреј Лазаров од кочанската населба Оризари и на жртвите од трагедијата во „Пулс“. Членови на семејството Лазарови присуствуваа на настанот.
Пред посетителите беа изложени дресови од познати македонски фудбалери и кошаркари, кои Делов ги собира подолг период. Како што самиот кажа, дел од нив се уникатни примероци во негова сопственост, добиени како личен подарок од спортистите.
Во поставката, посебно внимание привлекоа изложените дресови на Андреј Лазаров од клубовите во кои тој настапувал во текот на неговата кариера. Ова е второ претставување на истата изложбата , откако претходно беше промовирана во Кавадарци. Настанот е организиран во чест на жртвите од трагедијата и со цел да се зачува споменот на нив.
Изложбата е дел од проектот „Преземање изложби за 2026 година“, финансиран од Министерството за култура и туризам.
јуни 24, 2026


