Свет
Американски хеликоптер се урна за време на тренажен лет, екипажот се здоби со полесни повреди
Хеликоптер на американската крајбрежна стража се урна за време на тренажен лет на Алјаска, а четворицата војници се здобија со полесни повредени.
Хеликоптерот МХ-60 „Џејхок“ се урна во североисточниот дел на американската сојузна држава Алјаска, во слабо населен регион.
Спасувачите пристигнаа на местото на настанот околу еден час по несреќата, и ги евакуираа сите членови на екипажот во Медицинскиот центар Еџкомб.
– Големо олеснување е што членовите на екипажот преживеаја само со полесни повреди, изјави контраадмиралот Боб Литл, командант на Арктичката команда на крајбрежната.
јуни 23, 2026


