Фудбал
СП 2026: Пауза за хидратација – лошо за фудбалот
Селекторот на Уругвај Марсело Биелса е уште еден во низата учесници на Мундијалот, кој не е среќен со воведувањето на паузата за хидратација за време на натпреварите. Навивачите брзо „дознаа“ дека тоа не е да им се излезе во пресрет на фудбалерите, туку чисто комерцијална логика на ФИФА.
Четири минути и 20 секунди по натпревар или на целиот турнир 7 часа и 30 минути и 40 секунди. На пример „Фокс спорт“ за 30 секунди реклами за време на Светското првенство наплаќа меѓу 200.000 и 300.000 долари, а на натпреварите на САД цената е 750.000 долари.
– Да се играат четири полувремиња, наместо две го менува концептот на фудбалот. Оваа промена не дава ништо, а многу губиме, изјави Биелса.
Против паузата се изјаснија и капитенот на Холандија Вирџил ван Дајк и селекторот на Франција Дидие Дешамп. Критиките за овие паузи стигнуваа сè почесто.
јуни 23, 2026

