Фудбал
СП 2026: Модриќ против Панама по 200.ти пат во дресот на Хрватска
Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ против Панама ќе го игра 200.тиот натпревар во хрватскиот дрес. Само тројца играчи досега имаат одиграно 200 и повеќе натпревари.
Рекордер е Кристијано Роналдо со 229 натпревари за Португалија, на второто место е Бадер Ал-Мутава од Кувајт со 202 натпревара, а третиот е Лионел Меси, кој против Алжир го одигра 200-тиот натпревар.
Модриќ има шанса да стане четвртиот играч со 200 натпревари во националниот дрес, а притоа до оваа бројка да дојде за 20 години откако дебито го имаше во март 2006 во победата против Аргентина (3:2). Првиот гол во дресот на Хрватска го има постигнато против Италија, тогашен светски првак во Ливорно и победата на Хрватска од 2:0.
– Сонував за еден натпревар, а ќе го играм 200-тиот. Секое првенство ме правеше подобар и како фудбалер и како човек, а ми помагаа селекторите и соиграчите, изјави Модриќ на прес-конференција.
Модриќ го игра петтото светско првенство, а настапи и на пет европски.
Натпреварот Хрватска – Панама се игра во Торонто на 24.јуни.
јуни 23, 2026

