Connect with us

Свет

Фидан ѝ презентирал на Русија план за ограничен прекин на огнот

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан ѝ претставил на Русија план за ограничен прекин на огнот, вклучувајќи гаранции за безбедноста на комерцијалниот бродски превоз во Црното Море и заштитата на енергетската инфраструктура – објави „Хуриет“.

Турскиот весник наведува дека тоа се случило за време на дводневната посета на Фидан на Русија на 16 и 17 јуни, каде што тој се сретна и со рускиот претседателот Владимир Путин и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Фидан на социјалните мрежи објави дека Турција се надева оти војната помеѓу Русија и Украина ќе заврши на дипломатска маса.

Во овој контекст, уште еднаш потврдивме дека сме подготвени да дадеме каква било поддршка, вклучително и да бидеме домаќини на следните преговори, истакна Фидан.

Според него, односите помеѓу Анкара и Москва се од клучно значење за меѓународната безбедност, стабилност и просперитет и оти ќе продолжат заедничките напори за зајакнување на соработката помеѓу двете земји.

Ad
Ad