Connect with us

Свет

Русија воведува ограничување за лесните авиони и дронови

Русија ќе воведе ограничувања за летови на лесни приватни авиони и беспилотни летала над Москва и околните региони, поставувајќи минимални барања за висина на летот, соопшти денеска Агенцијата за воздушен сообраќај Росавијација.

Ограничувањата ќе стапат во сила на 20 јуни и според нив лесните и ултралесните летала, како дроновите ќе мора да летаат на висина не помала од 5.200 метри, што е вон досегот на повеќето мали авиони.

Мерката ќе важи над Москва и Московскиот регион, а во помала мера над регионите Рјазан, Тула, Калуга, Твер, Јарослав и Владимир.

Ограничувањата не важат за редовниот патнички авиосообраќај и чартер летовите.

Русија изминатите месеци е соочена со украински напади со дронови, посебно насочени на подрачјето околу Москва.

Ad
Ad