Connect with us

Филм

Популарната серија „Бегство од затвор“ добива нова верзија

Првата сезона на серијата „Бегство од затвор“ (Prison Break) се смета за една од најдобрите телевизиски сезони некогаш снимени. Серијата првично била замислена да трае само една сезона, но по огромниот успех што го постигнала првата сезона, продукцијата одлучила да сними и втора сезона.

„Но рејтингот на серијата набргу почнал да паѓа. До петтата сезона, многу гледачи биле толку разочарани што последните епизоди повеќе не ги сметале за дел од приказната, напиша Колајдер (Collider).

Во време кога обработките стануваат сè почеста појава во телевизиската и филмската индустрија, „Бегство од затвор“ не е исклучок.Стриминг-платформата Хулу ќе се обиде повторно да ја долови магијата од првата сезона, иако е потврдено дека новата серија нема да биде директно прераскажување на оригиналната приказна.Платформата ќе се обиде да ја задржи оригиналноста на серијата, но со сосем поинаква приказна и нови ликови. Според достапните информации, поголемиот дел од актерската екипа веќе е избран.

Серија ќе ја следи приказната на војничка која станува затворска чуварка и се вработува во еден од најопасните затвори во САД. Нејзината цел е да покаже колку далеку е подготвена да оди за личноста што ја сака, што ќе биде главниот мотив на дејството.

Снимањето се планира да започне во текот на јуни, а повеќе детали за премиерата и остатокот од актерската екипа ќе бидат објавени во наредниот период. 

Ad
Ad