Скопје
Таксистите алармираат за наталожени проблеми и бараат итни мерки од институциите
Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје соопшти дека авто такси превозот во Скопје се соочува со сериозни поблеми и апелира надлежните институции да преземат мерки за нивно надминување.
– Девет години наназад се наталожуваат бројни нерешени прашања кои директно влијаат врз работата на авто такси превозниците, безбедноста на патниците, нереална наплата на такси услугите…. И покрај бројните укажувања и иницијативи, институциите се уште немаат реагирано за надминување на проблемите – соопшти денеска Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје, посочувајќи дека испратиле барања и предлог за решавање на проблемите до Град Скопје на 17 февруари годинава, а на 19-ти минатот месец и до Владата.
Од една страна, се вели во соопштението, имаме поплаки од граѓаните дека недостасуваат такси возила во Скопје, таксиметрите се диво штелувани и ги крадат патниците, имаме непријавени вработени такси возачи, диви такси возила без лиценца, а од друга страна Градот почнува да не издава и продолжува лиценци на постари возила од 2011 година, без никаква официјална најава ниту пак се дава разумен рок како секаде, за да можат таксистите да се прилагодат.Ова значи дека стотици возила нема да работат. Секаде во Европа условите се врзуваат за еколошки стандарди Еуро 4 , а во високоразвиените неколку Европски земји Еуро 5 , па сега веќе и Еуро 6 .Самите баравме да се исфрлат Еуро1,2 и 3 и да се даде 1 година рок за прилагодување. Начинот на кој што сега се постапува не е добар . Сите таксисти знаат зошто се прави ова – да има доволно возачи на улица за да мора да рентаат коли од 3 фирми. Револтот кај таксистите со право е многу голем , сега се во постојан контакт со Синдикатот со кого го договараат начинот, датумот и местото на протестот деновиве, за кој претходно ќе биде најавено, се вели во соопштението.
Групацијата во барањето упатено до Владата бара заложба од премиерот и координација помеѓу повеќе институции. Наведува дека бара Министерството за транспорт да направи измени и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај во делот на Членот 8 точка 3 која, велат, треба да важи и за авто такси превозниците како што беше до 2018 година :
,, – да има вработено во работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по моторно возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата; Во Законот да им се дадат поголеми овластувања на сообраќајните инспектори од Град Скопје да можат на терен да контролираат и дали е вработен авто такси возачот, дали е уредно штелуван таксиметатот , со пломба и сертификат итн.
Бараат рудовата инспекција да излезе на улица со асистенција на МВР за да ги контролира авто такси возачите. поради нелојалната конкуренција од непријавените авто такси возачи, а Државниот пазарен инспекторат – да изврши контрола на таксиметрите на лице место во авто такси возилата поради жалбите од граѓани кои користат такси услуги дека има таксисти и такси компании на кои таксиметарот им покажува многу повеќе од утврдената цена. Управата за јавни приходи, пак, да изврши проверка на такси компаниите кои бараат поврат на ДДВ, дали бројот на предадени извештаи од фискални таксиметри содејствувал со бројот на вработени авто такси возачи во истото друштво, бидејќи, велат во барањето, секојдневно години наназад се соочуваме со непријавени такси возачи во поголемите такси компании, кои претпоставените ги тераат да им носат сметки за гориво и трошоци. Ова создава нелојална конкуренција кон оние кои регуларно се во редовен работен однос и плаќаат придонеси, а и лажна слика дека такси друштва многу заработуваат и имаат голем поврат на ДДВ.
– Згора на сета оваа аномалија во такси дејноста Градот Скопје овие денови почна да не дава лиценци на постари возила од 2011год. ( 15 години) , а тоа е повторно по барање на истите 3 компании кои во 2018 год.(се претставуваат како Асоцијација на легални такси превозници) кои успејаа да променат Закон за да не мора да пријавуваат такси возачи за да добијат извод од лиценци. Целта на ваквата постапка е да останат голем број таксисти без работа на улица, за да мора да влезат (не да бидат вработени) туку да рентаат коли кај овие 3 такси компании. Ограничувањето од 15 години е неправедно и нереално бидејќи секаде условите се врзуваат за еколошки стандарди (Еуро норма) и се дава разумен рок за да можат таксистите да се прилагодат. Минимум Еуро 4 е добар основ за почеток на обнова на такси возила со разумен рок, бидејќи на улица имаме и Еуро1,2 и 3. Пример добро одржувано возило од 2006 помалку загадува од лошо одржувано 2016 год. Затоа Еуро стандардот реално ја покажува емисијата на штетни гасови, с евели во барањето упатено до Владата.
јуни 13, 2026

