Култура
Отворено 15. издание на „Балкански музички плоштад“
Во просториите на „Аудиокултура“ во Скопје синоќа беше отворенo 15. издание на интернационалниот музички фестивал „Балкански музички плоштад“ (Balkan music square) со настап на џез триото „Трицкл“, составено од студенти и дипломци на џез – академијата „Гоце Делчев“ од Штип.
Фестивалот продолжува во Охрид со следните две фестивалски вечери. На 20 јуни настапуваат Елена Христова од „Баклава“, а потоа групата „ВИС Билјана од Охрид“. Фестивалот го затвора на 21 јуни, популарниот македонски гитарист и композитор Владимир Четкар со својот бенд, соопштија денеска од организацијата.
Двете фестивалски вечери ќе се одржат во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот, а влезот е слободен.
И оваа година фестивалот се одржува во чест на Денот на Охридското езеро – 21. јуни, а еколошката порака гласи „Езерото не е контејнер, чувај го чисто“.
Организатор на фестивалот „Балкански музички плоштад“ е продуцентската куќа „Трето уво“, а е поддржан од Министерството за култура и туризам и Општина Охрид.
јуни 12, 2026

