Хроника
МВР изрече 70 санцкии при сообраќајна акциска контрола во Куманово
За шест часа полицијата во Куманово изрече 70 санкции за возачи, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Во акциската контрола во Куманово вчера во периодот од 14:00 до 20:00 часот, мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување спроведоа акциска контрола на подрачјето на град Куманово, со цел санкционирање на возачи на електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
– При контролата изречени се вкупно 70 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од нив, девет мерки кон возачи на електрични тротинети, две мерки за мотоцикли со измината важност на сообраќајната дозвола, 39 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига, една мерка за управување на моторно возило под дејство на алкохол, една мерка за истечена полиса за осигурување, три мерки за несоодветна категорија, три мерки за неносење и непродолжена возачка дозвола, осум мерки за неистакнати регистарска таблица – соопшти полицијата.
При акциската контрола одземен е еден мотоцикл за непродолжена регистрација над шест месеци. Откриени се и четири кривични дела, од кои три се за малолетни лица кои управуваат мотоцикл, а едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, при што се одземени три мотоцикли и еден четирицикл. За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-апелираат од МВР.
јуни 9, 2026


